Дигиталниот асистент Amazon Alexa полека го пронаоѓа патот до компјутерите на корисниците. Acer сега објави нова линија лаптопи, за кои компанијата тврди дека се први кои пристигнуваат со интеграција на Alexa. Новите Spin 3 и Spin 5 лаптопи се достапни во продажба, а следниот месец се очекува и Nitro 5 Spin конвертибилниот модел, исто така со Alexa интеграција.

Корисниците ќе бидат во можност да ги користат гласовните команди за да бараат од Alexa информации за времето, да управуваат со паметните куќни уреди, да внесуваат податоци во календар, да креираат листи, пуштаат музика и друго.

Сите компатибилни производи на Acer пристигнуваа со Intel Smart Sound Technology поддршка, која претставува интегриран аудио процесор со дигитален сигнал, а служи за поддршка за интеракција преку звукот, гласот и говорот. Acer Spin 5 специфично го вклучува Acer Purified Voice со дигитален микрофон, со поддршка за гласовно препознавање.

Acer исто така објави дека Alexa ќе ја донесе на Aspire, Switch и Swift лаптопите, како и на all-in-one компјутерите во текот на наредните недели. Оние корисници, кои веќе имаат компатибилен модел на лаптопи, Alexa ажурирањето ќе го добијат преку Acer Care Center во следните денови.