Realme го најави првиот светски SLED 4K паметен телевозор. Компанијата всушност понуди прв увид во новата технологија, со оглед на тоа што самиот телевизор се уште не е подготвен за продажба, а се очекува дека ќе претставува интересна алтернатива за Quantum Dot дисплеите (QLED).

SLED технологијата ќе дебитира на телевизорот од 55 инчи – новиот тип на панел ќе понуди 108 проценти покриеност на NTSC спектарот на бои, но ќе задржи количина на сината светлина под контрола, што го сертификуваше и TÜV Rheinland.

Кога е во прашање SLED технологијата, се работи за нов поглед на LCD формулата, а главната иновација се однесува на позадинското осветлување. Вообичаено, позадинското осветлување е бело, а потоа се провлекува низ филтрите за да се формира познатиот RGB систем. Кога е во прашање SLED, се користи црвено, зелено и сино LED осветлување за да се формира RGB систем.

Целта е да се добие оптимална должина на брановите за секоја од RGB боите. Ова помага кај рендерирање на поширокиот спектар на бои и го подобрува вкупниот квалитет на сликата.

Realme верува дека SLED претставува посупериорен пристап на овој проблем во споредба со QLED. Компанијата нешто подоцна ќе објави повеќе детали за првиот SLED 4K паметен телевизор.