Потенцијалниот колапс на системот на океански струи би можел да има сериозни последици за времето во светот, се наведува во новата студија.
Системот на струи во Атлантскиот Океан, моторот на климата во северната хемисфера, може да ослабне до тој степен што наскоро може да се случат големи глобални временски промени, покажа научна студија.
Северноатлантската меридијална циркулација (AMOC) е голем систем на океански струи, вклучувајќи ја и Голфската струја, што носи топла вода од тропските предели до Северниот Атлантик.
Како што атмосферата се загрева, поради зголемената емисија на штетни гасови, повеќе топлина се задржува под површината на океанот и потенцијалниот колапс на системот може да има сериозни последици за временските системи во светот.
Климатските модели покажаа дека AMOC е најслаб во последните 1000 години. Сепак, не е познато дали слабеењето настанало поради промена на циркулацијата или поради недостаток на стабилност.
Студијата објавена во списанието Nature Climate Change, покажува дека ова е суштинска разлика.
Губењето на динамичната стабилност би значело дека АМОК се приближува кон критичниот праг после што би можело да дојде до значајно и во пракса веројатно неповратно преминување кон послаб начин на работа, вели авторот на студијата Миклас Бурс од Потсдамскиот институт за истражување на влијанието врз климата.
Анализирајќи ги моделите на температура и соленост на површината на Атлантскиот Океан, студијата вели дека слабеењето на AMOC во минатиот век може да се поврзе со губење на стабилноста.
Резултатите ја поддржуваат проценката дека падот на AMOC не е само флуктуација или линеарен одговор на зголемувањето на температурите, туку веројатно значи приближување до критичен праг после што системот на циркулација може целосно да пропадне, рече Бурс.
Доколку се сруши АМОС, би се зголемило ладењето на северната хемисфера, нивото на Атлантскиот Океан ќе се зголеми, вкупните врнежи ќе се зголемат над Европа и Северна Америка, и би дошло до поместување на монсуните во Јужна Америка и Африка, соопшти британската метеоролошка служба.
Други климатски модели предвидуваат дека AMOC ќе ослабне во текот на надоаѓачкиот век, но дека нема да има сигурен колапс пред 2100 година.
Извор: Al Jazeera.net
Поврзани артикли