Германското издание Siegener Zeitung објави видео на социјалната мрежа Youtube на кое се гледа спектакуларno уривање на мост долг половина километар изграден во близина на Франкфурт на Мајна, при што експертите на мисијата биле принудени да употребат 12 килограми експлозив.

Овој настан го претставува најголемото слично уривање на ваква градежна структура во историјата на оваа земја.

Мостот над Рајнсдорф долг 500 метри е дел од автопатот А45 и како таков е изграден на височина од седумдесет метри, пред 55 години, односно за сообраќај бил пуштен во 1967 година. Неговото уривање го следела бројна публика на безбедно растојание. Падот на конструкцијата е поттикнат со активирање на експлозивни направи поставени во сите носечки столбови на мостот, односно во две илјади точки утврдени на шеснаесетте носечки столбови на конструкцијата. Истовремената експлозија довела до синхроно паѓање на градбата.

Дека ова било најголемото уривање во германската историја се произнесе и надлежната Федерална управа за патишта на Германија. Во тој дух, не е ни чудо што самиот настан привлекол големо внимание кај локалното население и жителите од околината на мостот кои сакале да бидат сведоци на исчезнувањето на дел од историјата за само неколку секунди. Посебно е интересно што делот од новиот мост изграден во непосредна близина на урнатиот, останал недопрен при рушењето на стариот. Новиот мост е пуштен во сообраќај на крајот од минатата година.