Пред еден месец, Lenovo ги претстави Yoga Tab 13, Yoga Tab 11 и Tab P11 Plus на меѓународните пазари. Сега се појавија детали за уште еден таблет, наследник на Lenovo Tab P11 Pro моделот од минатата година.
Lenovo P12 Pro (TB-Q706F) се појави нa Google Play Console листинг, а ќе добие надградба на перформансите преку Snapdragon 855 (а можеби и 860) чипсет. Листингот не го споменува типот на панелот, но резолуцијата на екранот ќе биде 2560 x 1600 пиксели.
Таблетот ќе има 8GB RAM и поддршка за Android 11 од самиот старт. Ова е се што го споменува листингот, но гледајќи ги P11 Plus и P11 Pro, новите модели би требало да имаат опција за брзо полнење (20W или повеќе), четири звучници и можеби две камери на задната страна.
Lenovo P12 Pro неодамна е сертификуван од EEC, што заедно со објавата на таблетот на Google Play Console листингот сугерира дека уредот наскоро ќе биде официјализиран.