Обработката на Microsoft Office фајлови во Google Docs, Sheets и Slides за мобилните уреди бараше доста напор, а од корисникот бара да ги конвертира документите што се компатибилни со Docs, Sheets или Slides. Овие непотребни и непогодни процеси ја направија обработката на Office фајловите со продуктивните алатки прилично непријатно искуство.

За среќа, тоа сега ќе се промени, бидејќи Goofle испорачува поддршка за изворна обработка, измена и оставање коментари за Office фајловите во Docs, Sheets и Slides. Сега е можно да се добие поддршка за соработка во реално време за Office, пристап до подобрените опции на делење и контрола.

Google истакнува дека следните типови Office фајлови ќе бидат поддржани во Docs, Sheets и Slides:

Word фајлови: .doc, .docx, .dot
Excel фајлови: .xls, .xlsx, .xlsm (macro enabled Excel files), .xlt
Powerpoint фајлови: .ppt, .pptx, .pps, .pot

Оваа поддршка се испорачува најпрвин на G Suite и Gmail корисниците, а се очекува дека ќе бидат потребни околу 15 дена да стигне до сите корисници.