Huawei без многу помпа го објави стандардниот Nova 8 телефон, кој глобално дебитира на пазарот во Русија.

Однадвор, глобалната верзија на Nova 8 телефонот го дели истиот дизајн како моделот за Кина, кој е објавен во декември минатата година. Сепак, двата уреда се разликуваат според некои елементи во сегментот на спецификациите.

Huawei Nova 8 има 6.57-инчен OLED дисплеј, со FHD+ резолуција, 90Hz стапка на освежување, а тука е и сензорот за отпечатоци од прсти во екранот и во punch-hole отворот со 32MP предна камера. На задната страна на телефонот се наоѓа овален систем со четири камери, во кој се наоѓа 64MP главен сензор, 8MP ултраширок, 2MP макро и 2MP сензор за длабочина.

Глобалната варијанта на Huawei Nova 8 смартфонот ја покренува осмојадрен Kirin 820E чипсет, кој нема поддршка за 5G. Присутни се и 8GB RAM и 128GB простор за складирање податоци.

Телефонот го напојува 3800mAh батерија со поддршка за 66W Huawei SuperCharge опција на брзо полнење. За софтверот е задолжен EMUI 12, заснован на Android 10.

Huawei Nova 8 е достапен само во Powdery Pink варијанта, по цена од околуи 5590 доалри за 8GB + 128GB модел.