DHL Express е вклучен во нов бран одржлива авијација и планира да стане пионер во областа на воздушниот електричен транспорт

Не толку одамна, Eviation го претстави својот револуционерен електричен патнички и товарен авион, под името Alice. Се чини дека авионот сега е подготвен да стане официјален воздушен транспортeр на DHL.

DHL Express официјално објави нарачка за првите 12 електрични авиони Alice eCargo, од производителот Eviation со седиште во Сиетл. Компанијата не само што сака да тестира електрични авиони, туку е подготвена да се посвети на цела флота, која ќе ја поддржи првата Express мрежа во светот.

Ова претставува огромен чекор во неколку аспекти, од идни испораки со нулта емисија на гасови до проширување на одржливиот воздушен транспорт воопшто. Покрај тоа, ќе има позитивно влијание врз мислењето на потрошувачите, со можност во исто време да влијае врз други компании да се префрлат на транспорт на стоки со нулта емисија

Новиот eCargo авион, досега познат како Alice, го управува еден пилот. Станува збор за чисто електричен авион кој може да носи 1.200 килограми и има максимален радиус од 440 наутички милји (815 километри). eCargo е дизајниран да биде лесен за употреба и одржување. За еден час лет е потребно полнење за помалку од 30 минути, што може да се направи за време на утовар или истовар, со што се заштедува време.

Покрај тоа, Alice лесно може да работи на периферни правци, што значи намалување на трошоците за станична инфраструктура. Истото важи и за напредните електрични мотори, кои се направени со помалку подвижни делови за полесно одржување и севкупно помали трошоци за одржување.

Alice својот прв лет ќе го има подоцна оваа година, додека на DHL Express ќе му биде испорачан најрано во 2024 година.