Апликацијата Google Maps конечно добива темен режим на уредите кои го користат iOS.
Apple пред две години воведе темен режим како дел од iOS 13, а апликацијата Maps на Google наменета за оперативниот систем на Apple ќе го добие дури сега.
За да го вклучите темниот режим, треба да го изберете менито за поставки, да го притиснете темниот режим и да ја изберете опцијата On. Ако корисникот сака да ги промени режимите на Google Maps помеѓу светол и темен во зависност од системската поставка, таквата опција исто така ќе биде достапна.
Google Maps на iOS добива уште некои новитети, ќе поддржува виџети и ќе понуди две различни опции, една која поддржува сообраќајни услови во близина на корисникот и друга што нуди кратенки до лентата за пребарување и местата како домот на корисникот или ресторанот во близина.
Кратенките се персонализирани и базирани врз основа на различните фактори, од локација, зачувани места, интереси, па до претходни пребарувања.
Google наскоро ќе овозможи и делење на локацијата во живо преку апликацијата iMessage. Делењето на локација стандардно е ограничено на еден час, но ќе може да се продолжи на три дена.
Поврзани артикли