Galaxy A52 5G беше претставен во март оваа година, но Samsung веќе се подготвува за подобрена верзија на овој модел – Galaxy A52s 5G.

Претстојниот смартфон ќе користи Snapdragon 778G чипсет, како што беше претходно откриено на Geekbench, а ова ветува значителни подобрувања во перформансите во споредба со Snapdragon 750G што работи со A52 5G.

Не е познато дали тоа ќе биде единствената разлика помеѓу двата телефона, но цената наводно ќе биде многу слична. Според деталите од протечената листа на продавач од Европа, Galaxy A52s 5G треба да чини помеѓу 450 и 500 евра за моделот со 128 GB простор за складирање. Во моментов, A52 5G се нуди по цена од околу 446 евра.

Се очекува Galaxy A52s 5G најпрвин да се појави на европските пазари, а потоа подоцна да пристигне и на други пазари. Телефонот ќе биде достапен во Awesome Mint, Awesome White, Awesome Black и Awesome Violet варијанти.