Samsung ќе ги претстави Galaxy Watch4 и Watch4 Classic паметните часовници на 11. август. Веќе знаеме како изгледаат уредите благодарение на претходно протечените рендери, а сега се тука фотографии што го прикажуваат Watch4 Classic во живо.
Galaxy Watch4 Classic доаѓа со ротирачка рамка и две копчиња на десната страна. Паметниот часовник би требало да биде достапен во три бои, а фотографиите покажуваат две варијанти.
Samsung не откри премногу за Watch4 Classic моделот, а гласините сугерираат дека ќе го покренува чипсетот Exynos W920. Часовникот ќе биде достапен во три големини: 42мм, 44мм и 46мм.
Остатокот од Watch4 Classic спецификациите вклучува Gorilla Glass DX/DX+, 5ATM водоотпорност, MIL-STD-810G сертификат, следење на работата на срцето и спиењето, мерење на SpO2, GPS и друго.
Новите паметни часовници на Samsung ќе го користат One UI Watch, заснован на новата Wear OS платформа на Google.