Кога Xiaomi првобитно го претстави достапниот телефон Redmi 9C, уредот беше достапен во опции со 32GB и 64GB простор за складирање. Сега кинеската компанија најави нова варијанта, која има интерна меморија од 128GB.

Овој простор за складирање ќе биде комбиниран со 4GB RAM меморија. Новата варијанта на телефонот ќе дебитира во Малезија, од 3 август, по цена од околу 120 долари.

Redmi 9C нуди хармоничен дизајн, има 6,53-инчен HD+ екран со засек во форма на солза во кој се наоѓа селфи камера од 5MP. На задната страна се наоѓа систем со три камери, кој се состои од главен сензор од 13MP, макро камера од 2MP и сензор за длабочина од 2MP.

Телефонот го покренува осумјадрениот чипсет MediaTek Helio G35, а го напојува батерија од 5000mAh. За софтверска поддршка е задолжен MIUI 12, заснован на Android 10.