Samsung се очекува да претстави два нови паметни часовници, со Wear OS 3 платформа, во текот на Galaxy Unpacked 2021 настанот што се одржува на 11 август. Веќе се појавија информации за Galaxy Watch 4 и Galaxy Watch 4 Classic, така што знаеме каков дизајн ќе имаат, како и нивните главни спецификации. Сега имаме два тизери со детали за дизајнот на корисничкиот интерфејс.

Тизерите го потврдуваат Galaxy Watch 4 и Galaxy Watch 4 Classic брендирањето. Судејќи според изгледот на ланчерот на апликации и присуството на Google Maps и другите сервиси на Google, јасно е дека часовниците користат Wear OS 3 со One UI Watch интерфејс. Двата паметни часовници имаат опции за следење на активности и вежбање, следење на работата на срцето и спиењето, компас и друго. Тука се и опциитр за мерење на крвниот притисок, ECG, SmartThings Find и следење на сатурацијата на кислород во крвта.

Двата паметни часовници ќе имаат и голем број нови позадини, од кои некои ги имитираат механичките часовници, додека други користат необични фонтови и виџети со различни информации. Часовницитете ги имаат и Samsung Health, Bixby и Google Play Store апликациите.

Samsung Galaxy Watch 4 и Watch 4 Classic ќе имаат кружен Super AMOLED дисплеј, Exynos W920 процесор, 1,5 GB RAM и 16 GB простор за складирање. Тука е и IP68 сертификатот за отпорност на вода и прашина, GPS, Wi-Fi b/g/n, Bluetooth 5.0 и Qi безжично полнење. Часовниците имаат и микрофон и звучник за примање повици. Исто така, користат ротирачки рамки за навигација низ корисничкиот интерфејс.