Подбрендот на Xiaomi, Redmi ја објави Note 11 серијата во Кина минатиот месец, која се состои од три паметни телефони – Redmi Note 11, Redmi Note 11 Pro и Redmi Note 11 Pro+. Сега компанијата дополнително ја прошири Note 11 линијата со 4G верзија на стандардниот Redmi Note 11.

Но, ова не е само 4G варијанта на Redmi Note 11. Тоа е всушност Redmi 10 со една камера помалку на задната страна. Тоа значи дека го добивате Helio G88 чипсет, MIUI 12.5 базиран на Android 11 и 6.5-инчен FullHD+ LCD екран со брзина на освежување од 90 Hz, што може автоматски да се префрли на 45Hz кога читате нешто и 60Hz кога гледате видео.

Екранот има отвор за селфи камера од 8MP на горниот дел од екранот, а групата камери на задната страна содржи примарна од 50MP, ултраширока од 8MP и макро сензор од 2MP. Нема постои сензор за длабочина од 2MP што го имаме на Redmi 10.

Redmi Note 11 4G има страничен скенер за отпечатоци, USB-C, стерео звучници, 3,5 милиметарски приклучок за слушалки и IR blaster.

Уредот го напојува батерија од 5.000 mAh со поддршка за полнење од 18W. Смартфонот поддржува и обратно жично полнење од 9W и доаѓа со адаптер за напојување од 22,5W.

Redmi Note 11 4G доаѓа во три бои и има две опции за меморија – 4GB/128GB и 6GB/128GB по цена од 140 евра и 155 евра. Смартфонот ќе се најде во продажба во Кина од 1 декември, но не е позната неговата достапност на другите пазари.