Xiaomi ја прошири својата линија AIoT производи, со неколку нови уреди. Меѓу нив се гејминг монитор, Wi-Fi рутер, нови слушалки и електричен скутер.
Xiaomi Mi 2K Gaming Monitor 27 “има IPS панел, со резолуција 2560 x 1440p (16:9) и агли на гледање од 178 степени. Мониторот ја носи VESA DisplayHDR 400 ознака, што значи дека нуди максимална осветленост од 400 нита.
Она што го прави мониторот во гејминг модел е поддршка за стапки на освежување до 165Hz, а исто така е поддржан и Adaptive Sync. Одговорот е 4ms (GTG), што може да се намали на 1ms со користење на Intelligent Motion Blur Control функцијата.
Мониторот има DisplayPort 1.4 и HDMI 2.0 видео влезови, а има и еден USB-A 3.0 порт и 3.5 mm приклучок. Xiaomi Mi 2K гејминг мониторот од 27 инчи ќе има цена од 500 евра во Европа.
Redmi Buds 3 Pro слушалките се глобална верзија на Air Dots 3 Pro моделот и беа објавени минатата недела. Овие TWS слушалки нудат ANC (до 35 db), Bluetooth 5.2 и 28 часа траење на батеријата, по цена од 70 евра.
Xiaomi го претстави и Mi Electric Scooter 3 за европскиот пазар, по цена од 450 евра, како и Mi Smart Air Fryer 3.5L со цена од 100 евра.
Поврзани артикли