Realme се подготвува за претставување на нов смартфон, а сајтот GSMArena дојде до неколку интересни детали за уредот. Телефонот го носи името Realme Flash и пристигнува со MagDart магнетниот полнач на компанијата – прв во рамките на Android екосистемот.

Слично како MagSafe технологијата на Apple, Realme MagDart ќе се поврзе на задната страна на уредот и ќе го полни со засега непозната брзина. Решението на компанијата Realme е физички поголема од она што го нуди Apple и вклучува вентилатор за да се одржи температурата.

Достапните информации сугерираат дека Realme MagDart ќе нуди брзини на полнење преку 15W, и дека ова решение на кинеската компанија ќе биде најбрзиот магнетен полнач на светот кога ќе се појави на пазарот. Полначот има и USB-C конектор.

Кога е во прашање Realme Flash телефонот, се очекува дека ќе има закривен екран со punch-hole отвор во горниот лев агол. На задната страна се наоѓаат три камери. Телефонот ќе го покренува Snapdragon 888 чипсет, со 12GB RAM и 256GB простор за складирање. За софтверот е задолжен Realme UI 2.0, заснован на Android 11.