Точно според распоредот, Honor во Кина го претстави својот најнов паметен теелфон од средна класа под името Honor Play 5. Смартфонот го покренува Dimensity 800U чипсетот на MediaTek и поддржува брзо жичано полнење од 66 W. Остатокот на клучни спецификации вклучува 6,53-инчен OLED екран со FHD+ резолуција и 16MP селфи камера сместена во засек во облик на капка вода.

Постојат четири камери од задната страна со 64MP примарна камера и 8MP ултраширока камера. Преостанатите два модула имаат по 2MP и се користат за макро снимки и длабочински проекти. Play 5 можете да го добиете со 128GB или 256G простор за складирање, а во двата случаја RAM меморијата изнесува 8GB.

Батеријата е само 3.800 mAh, иако брзиот полнач би можел да ви помогне да го дополните од 0 до 100 проценти за само 35 минути. Од софтверска страна го имаме Android 10 со Magic UI 4.0 и нема Google Play услуги, но тоа е норма во Кина, така што нема вистински недостатоци.

Honor Play 5 доаѓа во градиент, виолетова и црна боја. Верзијата со 8/128 GB чини 326 долари, додека 8/256 GB варијантата ќе чини 358 долари. Отворањето на продажбата во Кина почнува на 26. мај.