Сегашните вакцини против корона вирусот се примаат во форма на инјекција, но во иднина може вакцината да се зема во облик на таблета или со инхалатор.
Во лабораторијата во областа Медикон, еден од најпознатите научни паркови на југот на Шведска, хемичарката Ингемо Андерсон и нејзиниот тим се надеваат дека пластичниот инхалатор, голем колку кибрит, наскоро може да игра голема улога во глобалната борба против пандемијата од корона вирусот, овозможувајќи им на луѓето идните дози на вакцина да ги примаат во својот дом, на многу поедноставен начин.
– Лесно е и навистина е евтино да се произведат – изјави Џон Вејборд, извршен директор на комшанијата која вообичаено произведува инхалатори за пациентите со астма.
– Го отстранувате малото пластично ливче. После тоа се активира инхалаторот со вакцината. Само го ставате во уста и потоа длабоко вдишувате – објаснуваат од таму.
Компанијата „Iconovo“ соработува со Институтот во Стокхолм кој ја разви вакцината против Ковид-19 во форма на прав.
Тие користат лабораториски произведени протенини од корона вирусот, за разлика од Фајзер, Модерна и АстраЗенека, кои за кодирање на протеинот користат РНК или ДНК.
Правот може да се чува на температура до 40 степени Целзиусови, што е голема предност во однос на досега достапните вакцини одобрени од Светската здравствена организација, кои мора да се чуваат во стаклени шишенца на температура пониска од -70 степени Целзиусови, пред да се пренесат во ладилници.
Шведската компанија моментно го тестира своите вакцини на бета (јужноафрикасниот) и алфа (британскиот) сој на корона вирусот. Се смета дека нивната вакцина посебно би била корисна во Африка каде во моментото нема домашни производители на вакцини, а топлата клима и ограничената снабденост со електрична енергија се покажаа како проблематично за чување и испорака на вакцините против корона.
Во однос на овој нов производ, се уште треба да помине извесно време во испитување за да може да се утврди дали ISR вакцината пружа ист степен на заштита како моменталните вакцини одобрени од СЗО.
Поврзани артикли