Вечна дилема на возачите во текот на летото – дали се заштедува повеќе гориво со возење со спуштени прозорци или вклучена клима кога надвор температурите се пеколно високи?

Потрошувачката на гориво во голема мера зависи и од моделот на автомобил кој го возите, од вашите навики за возење и од неколку други фактори.

Претходните истражувања покажуваат дека возењето со клима на високи температури ја зголемува потрошувачката на гориво во автомобил со четири патници за приближно пет проценти. На пример, ако возите Volkswagen Bora со мотор со 90 KS, ќе потрошите во просек половина литар гориво poveќе на 100 километри.

Клима или спуштени прозорци?

Користењето климата ја зголемува потрошувачката на бензин, но спуштените прозорци ја зголемуваат отпорноста. Експертите тестирале теренец и седан на две различни патеки, а тестот покажал дека полошо за потрошувачката е доколку возите со прозорците спуштени со брзина од 85-95 километри на час. Со таа брзина, ефикасноста на горивото се намалува за 20 проценти, додека кога се користи климатизација, таа опаѓа за 10 проценти.

Во случај да возите под 80 километри на час, тогаш спуштените прозорци се поефикасна опција.

На кратко, ако сте во град и температурите не се премногу високи, подобро е да возите со спуштени прозорци. Ако надвор е пеколно топло и возите со поголема брзина, климатизацијата е подобра опција.

Извор: Додај Гас