Во случајов треба да се напомене дека Месечината била во ниска позиција, ако тоа воопшто може да биде изговор за Tesla

Американскиот производител на електрични автомобили се обидува да докаже дека има функционален систем за автономно возење, односно им нуди на корисниците да се претплаќаат на опцијата Full Self-Driving за 99 до 199 долари месечно. Но, оваа опција е далеку од совршена. Неодамна, возач на Tesla го споделил својот практичен пример.

Се чини дека системот ја регистрира полната месечина како жолто светло на семафор и го забавува возилото. Треба да се напомене дека Месечината била во ниска позиција.

Директорот на Tesla, Илон Мукс досега се фалеше со технолошките достигнувања на неговата компанија, но десетици проблеми доаѓаат со секоја ваква новост и функционалност. Ова е еден од нив. Погледнете и самите!