Некои од најдобрите карактеристики на складирањето во облак се брз и лесен пристап до фајлови и синхронизација на работата со пријателите, колегите и соработниците. Сепак, можноста за споделување фајлови во облак носи појава на спамери и тролови кои понекогаш го користат облакот за ширење спам или друга несакана содржина.
Google сега почна да доставува ажурирање за Google Drive, што ќе им овозможи на корисниците да ги блокираат спамерите. Пред ова, кога ќе се добиеше спам или друга несакана содржина, најмногу што корисникот можеше да стори е рачно да го отстрани фајлот и да го пријави.
Со новото ажурирање, корисниците ќе можат да блокираат други засекогаш, за овие инциденти да не се повторуваат во иднина. Според Google, користењето на оваа опција за блокирање ќе овозможи:
- Блокирање на корисници кои нема да можат да споделуваат содржина со вас во иднина;
- Отстранување на сите постојни фајлови и фолдери споделени од други корисници;
- Отстранување на пристап до содржината од други корисници, дури и доколку оваа содржина е претходно споделена со нив.
Google моментно е во процес на доставување на ажурирањето до корисниците, а се очекува да потрае и до 15 дена, додека ажурирањето на крајот не стане достапно за сите.