Екипата од iFixit неодамна го отвори iPhone 12 Mini и еве што дознавме. Најпрвин, iPhone 12 Mini го напојува батерија од 8,57 Wh, која според iFixit е поголема од iPhone SE 2020, која беше 6,96 Wh. Важно е да се напомене дека iPhone 12 и 12 Pro имаат батерија од 10,78 Wh. Камерите на mini се истите ƒ/1,6 главна и ƒ/2,4 ултрашорока камера, кои можат да се најдат и во стандардниот iPhone 12.

Mini варијантата се состои од истите компоненти како и iPhone 12, но се е минијатуризирано. Содржи Taptic Engine, звучници и MagSafe прстен.

Покрај тоа, има два кабли за екранот наместо три, а исто така има и зголемена асимтрија на решетката.

„Се чини дека на помалиот телефон му е потребно малку повеќе простор за тој антенски опсег“, наведува iFixit. Горниот склоп на сензори, кој содржи звучник, Face ID и сензор за амбиентално осветлување, исто така, е преработен за да му одговара на неговото малку помало куќиште.

Доаѓајќи до резултатот за поправливост, iPhone 12 Mini заработи 6 од 10 поени, исто како и iPhone 12 и 12 Pro. Зборувајќи за позитивните страни, поголем дел од главните компоненти се доволно модуларни за да може да им се пристапи/замени независно. Во негативна смисла, стаклото кое го прекрива задното куќиште е кревко и непрактично е да се замени.

iPhone 12 mini и iPhone 12 доаѓаат во црна, сина, црвена, сива и бела боја.