Poco неодамна потврди дека X3 GT телефонот на компанијата ќе биде претставен на 28 јули и ќе го покренува Dimensity 1100 чипсет. Сега компанијата објави дека телефонот ќе поддржува 67W турбо полнење.

Деталните спецификации за X3 GT сè уште не се објавени, но гласините споменуваат дека не се работи за целосно нов уред, туку ребрендиран Redmi Note 10 Pro. На ова укажуваат и протечените рендери.

Ако е ова вистина, Poco X3 GT ќе има 6,6-инчен FullHD+ 120Hz LCD екран, 5000mAh батерија и сензор за отпечатоци од страна на рамката.

Телефонот ќе има три камери на задната страна, со 64MP главен сензор, 8MP ултраширок и 2MP макро сензор. На предната страна ќе има камера од 16MP за селфи и видео повици.