Новиот инсајдерски извештај укажува на тоа дека Galaxy Z Flip3 5G и Z Fold3 5G телефоните ќе бидат отпорни на вода. Според наводите на Maxa Weinbach, двата флексибилни уреда ќе имаат IPX8 сертификат.
IPX8 сертификатот значи дека преклопните уреди на Samsung ќе можат да издржат на длабочина преку еден метар, повеќе од 30 минути, без оштетувања.
Flip3 and Fold3 are IPX8 https://t.co/Lenz8aOuCV
— Max Weinbach (@MaxWinebach) July 21, 2021
Доколку тоа се обистини, Galaxy Z Flip3 5G и Z Fold3 5G ќе бидат првите водоотпорни телефони на светот. Засега не е познато дали уредите ќе имаат и подобрена заштита од прашина, со оглед на тоа што шарките на флексибилните телефони се посебно осетливи на прашина и различни честички.
Преклопните телефони имаат флексибилни дисплеи и шарки, а двата овие елементи се подвижни, што го отежнува затворањето на отворите на уредите во однос на стандардните смартфони. Во секој случај, додавањето на водоотпорноста на телефоните е значаен напредок за Samsung во развојот на уредите од овој екосистем.