Бројот на дневни активни корисници на Snapchat се зголеми на 293 милиони, а тоа претставува раст од 23 проценти во однос на истиот период минатата година. Ова е всушност најголемиот раст во изминатите неколку години, а исто така е подобрен и претходниот најголем раст од 22 проценти забележан пред четири години. Растот на Snapchat го надмина и оној на Twitter, кој во вториот квартал забележа 206 милиони дневно активни корисници.

Вкупниот приход се зголеми за импресивни 116 проценти на 982 милиони долари, што е најдобар резултат досега. Растот е побрз дури и во споредба со Twitter и Facebook.

Сè попопуларна е Sporlight функцијата слична на TikTok, која им плаќа на корисниците за нивните клипови. Бројот на дневни активни корисници на Spotlight се зголеми за 49 проценти, а просечната количина на дневно објавена содржина е повеќе од три пати поголема.

Растот главно се припишува на заклучувањето воведено поради пандемијата на коронавирусот, но и на подобрената Android апликација.