И покрај периодот обележан со значителни предизвици во индустријата за паметни телефони, некои сепак успеаја да забележат раст на европскиот пазар.

Меѓу нив е и Honor, која успеа да го постигне статусот на една од првите пет компании кои забележаа годишен раст во Европа, покажуваат податоците на аналитичката фирма Counterpoint Research.

Според овие податоци, испораките на телефони во Европа во третиот квартал од оваа година бележат намалување од 11% во однос на истиот период од претходната година, при што Западна Европа забележа пад од 8%, а Источна Европа од 15%.

Од оваа компанија сметаат дека најзаслужни за тоа се „континуираното подобрување на производот и лансирањето на новата серија Honor Magic, што доведе до поуспешно позиционирање на европскиот пазар, особено кога станува збор за претставувањето на Honor Magic V2 телефон“, како што е формулирано во соопштението.

Како што велат, „покрај позитивните резултати, ваквата состојба ја нагласува и издржливоста на брендот и способноста за длабоко разбирање на потребите на корисниците“, и додаваат дека и во наредниот период ќе продолжат со исто темпо кога станува збор за иновациите и квалитетот што се носи на пазарот.