Рускиот суд парично ги казни Facebook и Telegram бидејќи не отстраниле незаконска содржина од социјалните мрежи.
Facebook е казнет со 81.320 долари, апликацијата за пораки Telegram со двојно повеќе бидејќи не отстраниле противзаконска содржина. Во последните месеци Москва презеде чекори за регулирање и ограничување на моќта на социјалните мрежи и технолошки џинови, изрекувајќи казни за недозволени содржини.
Московскиот суд во округот Тагански соопшти дека на Facebook му е изречена казна од 6 милиони рубљи за два различни административни прекршоци на основа на обврски на сопственици на интернет страници да бришат недозволени информации. Telegram е казнет за три различни прекршоци со 108.251 долари.
Twitter е казнет со 74.409 долари за неизбришана содржина. Ова не е првпат Русија да ги казни технолошките гиганти. Во април Twitter беше казнет со 117.000 долари поради одбивање да избрише твитови кои ги повикуваа младите на протести против апсењето на Алексеј навални.
Facebook и Telegram беа казнети во јуни за небришење недозволена содржина според руската влада.
Извор: 24sata.hr
Поврзани артикли