Според наводите, Samsung тестира нов и побрз полнач од 65W и се чини дека оваа опција за полнење преку кабел би можела да биде подготвена за Galaxy S22 серијата на почетокот на 2022 година.
Оваа информација ја објави дојавувачот Tron, кој истакнува и дека Rainbow е кодното име на Galaxy S22 серијата, а R е стандарден модел, G е Плус, додека B e Ultra верзијата на телефонот.
Прв пат за 65W полначот, кој го подготвува Samsung, дознавме во јануари, додека во февруари беше сертифицикуван со максимална брзина на полнење од 3,25A / 20V.
Останува да се види дали Samsung ќе го испорачува овој полнач во пакувањето со претстојната премиум серија смартфони, или ќе го продава одделно.
Поврзани артикли