Привидното меѓусебно доближување на Јупитер и Сатурн стана видливо од Земјата вчера по зајдисонцето и во следните две недели, за првпат по 17-от век.

Двете планети, секоја на орбита околу Сонцето, навидум ќе се порамнат една пред друга кога ќе бидат погледнати од Земјата и ќе се забележат како една сјајна sвезда, наместо како две тела. Тие ќе бидат на иста линија гледано од Земјата, но оддалечени еден од друг повеќе од 700 милиони километри.

Овој феномен стана забележлив вчера по зајдисонцето, доколку се погледне хоризонтот на југозапад. За да се разликуваат двете планети, ќе биде потребен барем двоглед, велат астрономите. Сатурн ќе биде помал и посјајно ќе блесне и ќе биде видлив во горниот десен агол на Јупитер.

Астрономите, сепак, велат дека таканаречените „конјукции“ на двете најголеми планети во Сончевиот систем не се особено ретки. Јупитер, како што кружи околу Сонцето, ја поминува точката на усогласување со соседот Сатурн на секои 20 години.

Сепак, она што е специфично овој пат е дека „спојот“ на зајдисонцето ќе се види насекаде од Земјата, ако небото биде чисто.

Последен пат беше можно да се види „средбата“ на Јупитер и Сатурн насекаде од Земјата, во јули 1623 година. Меѓутоа, во тоа време било речиси невозможно да се види пристапот поради близината на таа точка до положбата на Сонцето.

Претходно, конјукцијата била видлива во март 1226 година. Следното приближување видливо од Земјата се очекува на 15 март 2080 година.