Официјалните лица на компанијата Sony се огласија и ја објаснија ситуацијата, по пишувањето на медиумите дека Xperia 1 III телефонот ќе добие само едно големо ажурирање на Аndroid. Според наводите, компанијата планира да испорача барем две Android OS надградби за Xperia 1 III.
Иако Sony зазема одбранбен став во своето објаснување, тоа е направено за да се покријат непредвидените околности.
Sony Xperia 1 III телефонот ќе биде објавен во август во Европа и САД, а пристигнува со преинсталиран Android 11 софтвер. Распоредот на Google покажува дека Android 12 ќе ја достигне стабилноста на платформата од Beta 4 верзијата која се очекува во август, по што се верува дека ќе биде објавена стабилна верзија за корисниците.
Поради тоа се очекува дека Xperia 1 III ќе добие надградба барем на Android 13, со сигурносни ажурирања и по таа верзија на софтвер.
Поврзани артикли