Извори од Кина, запознаени со производството на компоненти за системот за откривање на лицето на Apple, издадоа некои „детали од кујната“ за следната верзија на технологијата.

Според нив, Face ID 2 ќе дебитира со претстојните iPhone Xs и ќе ги понуди следните подобрувања:

– Зголемена брзина на препознавање на лицето.

– Во iOS 12, сега можете да внесете две лица во безбедносниот систем.

– Поширок агол на откривање. Добро познат е фактот дека не можете да го отклучите iPhone X преку Face ID, ако не гледате директно на камерата. Ова значи дека не можете да го отклучите паметниот телефон ако е поставен на површина, како на пример биро. Со Face ID 2, ова прашање се очекува да се реши благодарение на зголемениот агол на гледање на фотоапаратот.

Од изворите, исто така, дознаваме дека во изминатите 12 месеци, Apple и производителите на компонентите биле во можност да ја оптимизираат технологијата, така што трошоците за производство се намалиле од првичните пресметки. Ова ќе му овозможи на Apple да го имплементира компонентите на поевтини iPhone Xc / Xr и други уреди како новиот iPad Pro.

Со нетрпение очекуваме да добиеме повеќе детали за новиот iPhone на настанот што ќе почне денеска во 19 часот.