OnePlus го објави официјалниот датум на претставување на својата следна серија премиум телефони, а OnePlus 9 серијата ќе биде официјално објавена на 23 март. Објавен е и првиот официјален тизер за OnePlus 9 Pro, кој ја покажува горната половина на телефонот.

Видео-тизерот потврдува дека дизајнот од претходно протечените фотографии на уредот бил точен. Видливи се четири камери во модулот, заедно со логото на Hasselblad . OnePlus претходно објави дека го официјализирал своето партнерство со Hasselblad.

Пит Лау, Извршен директор на компанијата OnePlus потврди и дека претстојните премиум телефони на компанијата ќе се испорачуваат со полнач во пакетот, и ќе станува збор за многу брзиот Warp адаптер.

OnePlus 9 и OnePlus 9 Pro се очекува да користат Snapdragon 888 чипсет, 8GB RAM, 128GB простор и AMOLED дисплеј со освежување од 120Hz. Стандардниот модел ќе има големина на екранот од 6,55 инчи, додека Pro моделот ќе користи 6,7 инчен дисплеј.

Оперативниот систем е Android 11 со OxygenOS, а капацитетот на батеријата може да биде 4500mAh за двата модели, со поддршка за 65W полнење.