Корисниците на групни повици отсега имаат нова можност.

Групните повици на апликацијата WhatsApp стануваат послични со оние на Zoom, а компанијата сега воведе можност за приклучување на повиците кои се веќе во тек. Оваа можност претходно не беше достапна.

Корисниците сега можат да излегуваат од повикот и да се враќаат без ограничување, важно е само да се повикани во групниот повик на почетокот

Постои и информативен екран кој прикажува кој учествува и кој е повикан во четот. Во случај корисникот да го игнорира повикот, вратата и натаму ќе му биде отворена ако посака да се приклучи подоцна.

Новата функција е доказ дека Zoom и другите флексибилни сервиси за чет и натаму се популарни, дури и во време кога пандемијата попушта.