Messenger Rooms функцијата на Facebook за видео повици почна овој месец да пристигнува до корисниците, кога компанијата ги објави и плановите за интеграција со Instagram. Овие планови сега се материјализираа, а Instagram корисниците можат да креираат Messenger Rooms групи во рамките на самата апликација.

Потребно е да се притисне на видео копчето во горниот десен агол на Instagram Direct, потоа да се избере Create a Room опцијата, по што се бираат контактите кои сакате да ги имате во групниот видео повик. Потоа, можно е да се креира линк, кој може да се дели со корисниците на платформата, или можно е да се отиде во Messenger апликацијата и да се притисне Join Room копчето.

На Messenger Rooms групните видео повици може да се приклучат до 50 корисници, а во разговорот можат да учествуваат и оние кои немаат профил на Facebook. Покрај Instagram, Facebook почна да ја тестира функцијата и на WhatsApp бета каналот, а наскоро Messenger Rooms ќе се имплементираат во стабилната верзија на апликацијата.