Honor на 12. август ќе го претстави Magic3 телефонот, како што претходно потврди компанијата. Смартфонот ќе биде меѓу првите кои пристигнуваат со Snapdragon 888 Plus чипсет, а сега имаме потврда и за предниот систем на камери.

Тизер видеото кое е објавено на Weibo мрежата, потврдува дека теелфонот ќе има две селфи камери, сместени во издолжениот punch-hole отвор во екранот.

Рекламата од околу 20 секунди е емитувана на еден од државните канали во Кина (CCTV5). Прикажан е уредот од предната страна, а се наѕираат копчиња за вклучување и контрола на звукот од десната страна на рамката. Тука е и 2.5D закривеното стакло преку OLED панелот.

Постои мал простор помеѓу двата камера објективи, што сугерира на постоење на ToF 3D сензор и подобри селфи камери кои ќе бидатѕ имплементирани на Honor Magic3.