Извештајот кој пристигнува директно од компанијата Huawei (или барем така тврдат изворите), сугерира дека стандардниот Huawei P50 ќе биде претставен на 29. јули во Кина.
Според наводите, телефонот ќе ја користи првата глобална верзија на Snapdragon 888 чипсетот во 4G варијанта. Ова се поклопува со претходните гласини, кои сугерираа дека Huawei P50 линијата ќе се најде во продажба во текот на август.
Извештајот не го споменува Huawei P50 Pro, а според претходно достапните информации, телефонот ќе пристигне со Kirin 9000 чип на почетокот, а потоа од декември ќе се префрли на Snapdragon 888 поради недостиг на залихи.
Поврзани артикли