Fortnite е играта која во моментов има најмногу соработка со други франшизи, вклучувајќи ги и светските ѕвезди. Последната меѓу нив е Лејди Гага.

Откако ѕвездите како Еминем, Тревис Скот и Аријана Гранде дебитираа во популарната игра Fortnite, во играта доаѓа и Лејди Гага.

Интернационалната суперѕвезда ова го објави на платформата Икс (Твитер), каде интересно одговори на нејзиниот пет години стар твит во кој праша „what is fortnight“ со едноставна корекција *fortnite и придружна фотографија.

Фотографијата открива дека Лејди Гага ќе биде додадена во играта на 22 февруари.

Врз основа на тизерот, оваа соработка ќе биде дел од режимот на фестивалот на Fortnite, кој содржи игра во стилот на Rockband/Guitar Hero.

Покрај песните на Лејди Гага, кои ќе бидат додадени во овој режим на игра, се очекува играчите да можат да си играат и со ликот на пејачката.