NICT, Национален институт за информации и технологија на Јапонија, го урна рекордот во однос на брзината на интернетот, пренесува „Motherboard“.

Претходниот рекорд поставен во август 2020 година го држеа британски и јапонски истражувачи, кои потоа достигнаа брзина од 179 терабајти во секунда. Сега NICT тоа речиси го удвои тоа.

Новиот, неверојатен рекорд изнесува 319 терабајти во секунда.

Тимот истражувачи користеше намотано влакно за пренос на податоци на симулирана оддалеченост од 1.864 милји без губиток на квалитетот или брзина на сигналот.

Извор: B92.net