Пандемијата го поттикна човештвото да придонесе во новата ера на одржливост и свест за околината, а компанијата „3deluxe“ одлучи да направи проект на Менхетен кој ги истакнува овие вредности.

Менхетен ќе добие самоодржлив лебдечки и еколошки прифатлив кампус кој за совои потреби ќе ствара вода и енергија.

„По шокантната пандемија и социјална поларизација во изминатите години, постои желба за позитивна продажба. Време е архитектурата и урбанизмот да изберат амбициозен пристап во хуманизација на нашиот животен простор“, рече директорот на компанијата 3deluxe, Дитер Брел.

Кампусот ќе биде комуникативна платформа која ќе го „штити сиот живот на копно и на море и ќе ги помести границите на дизајнот“, порачуваат од компанијата.

Креаторите на платформата веруваат дека вакви градби мора да враќаат онолку колку што земаат, па затоа лебдечкиот кампус користи најнова технологија за прочистување на воздухот и ќе има ветроелектрани, фотонапонски системи, морски електрани и биореактори за да се обезбеди што помалку емисии на гасови и потполна самоодржливост. Тоа значи дека платформата ќе ја произведува целата потребна енергија и вода и дека нема ништо да зема од планетата, што нема да враќа.

Покрај тоа, платформата е заштитена од растечко ниво на морето, што е еден проблем помалку. Во иднина, ако жителите на Менхетен одлучат дека сакаат повеќе простор, структурата може да се прошири, а тоа е одлична вест за пренатрупаниот град.

Од компанијата 3deluxe структурата ја нарекуваат „платформа со став кон релевантните социјални прашања како заштита на климата, природата, заедничка одговорност, отвореност и транспарентност“.

Извор: Klix.ba