Како што минува времето, така се поголем број на производители се одлучуваат да претстават телефони со екрани „од раб до раб“, односно со таканаречениот “notch” кој што го има на горниот дел од екранот iPhone X на Apple.

Еден од нив е новиот ZenFone 5 на Asus. Според оваа компанија, новиот ZenFone 5 е најголемиот ривал на iPhone X на Apple, а телефонот на Asus го има горниот “notch” каде што се сместени селфи камерата, звучникот и неколку сензори.

Сепак, иако се слични, сепак постои разлика на пример кај големината на екранот која што кај ZenFone 5 изнесува 6,2 инчниот екран и сензорот за отпечатоци на прсти кои што кај iPhone X го нема, а кај телефонот на Asus е сместен на задната страна.

ZenFone 5 е опремен со Qualcomm Snapdragon 636 процесор за кој што може да се каже дека не е ниту најдобар, но не е ниту лош. Располага со 6 GB RAM, двојна камера од 12 мегапиксели, опремена со AI „финти“, вклучувајќи препознавање на сцени, нешто слично како што има кај Huawei Mate 10 и LG V30s. Засега цената на овој уред не е позната.

Asus исто така може да се пофали и со помоќен уред, а тоа е ZenFone 5Z кој што доаѓа со Snapdragon 845 процесор, 6 GB RAM и 64 GB интерна меморија. Ќе се продава по цена од 499 долари.

Извор: Klix.ba