Шведскиот производител на луксузни автомобили Volvo Cars и водечкиот ИКТ провајдер Ericsson направија важен чекор кон постигнување на непречена прекугранична 5G конекција во возилата. Како партнери во 5GCroCo проектот поддржан од ЕУ, двете компании успешно го тестираа предавањето на поврзани автомобили помеѓу две национални мобилни 5G мрежи.
Тестирањето се одржа на полигонот AstaZero во Шведска. Патеката има можности за тестирање за различни сообраќајни средини, што овозможува да се проценат напредните системи за безбедност за сите видови ситуации во сообраќајот. Се одликува со рурален пат од 5,7 км, градско подрачје, брза област и пат со повеќе ленти.
AstaZero патеката докажа дека непречена 5G конекција може да се испорача преку границите. За време на тестот, автономните автомобили на Volvo беа успешно поделени помеѓу двете 5G мрежи на Ericsson, останувајќи цело време поврзани со една од двете мрежи. Мрежите се дел од прекуграничниот 5G коридор што ги поврзува градовите Мерциг во Германија, Мец во Франција и Луксембург.
Пружање на најнови информации за рутата
Ericsson ја примени мобилната 5G радио мрежа и двете тест возила на Volvo добија мапа со висока резолуција (HD) на рутата. HD-мапата ја одредува позицијата на возилото на патот и дава информации за ограничувањата на брзината, затворање на патиштата или областите во изградба. За да биде сигурна, треба постојано да се ажурира со што е можно повеќе автомобили со информации собрани од сензорите на возилата. Автомобилите испраќаат и ажурирања во реално време на Mobile Edge Cloud, што им овозможува на возилата што возат зад нив да добиваат релевантни надградби од облак.
HD мапата обезбедена од Volvo им овозможува на автомобилите да ги препознаат различните ситуации, собирајќи информации за границите на рамните патишта и свиоци. Како што е наведено во веста објавена на веб-страницата на Ericsson, „оваа функционалност е овозможена од еко-системот за соработка, конекција и автоматизирана мобилност (CCAM), овозможувајќи им на автономните и поврзани автомобили да се однесуваат како паметни кластери наместо индивидуални единици“.
Зборувајќи за тестот на патеката и неговите предизвици, директорот на мрежата за истражувања на Ericsson, Микаел Приц изјави: „Споделувањето на ажурирана мапа со другите автомобили е задача чувствителна на латентност и бара високи перформанси во рамките на мрежата и низ повеќе мрежи. За време на тестот на патекатаAstaZero можевме да се справиме со овој предизвик со ветувачки резултати. Возбудени сме што ќе ја продолжиме нашата соработка со Volvo Cars за проширување на мрежната мобилност на автономните и поврзани автомобили“.
Ericsson и Volvo Cars почнаа да работат заедно во 2012 година за да создадат побезбедни, поефикасни и позабавни поврзани возила. Проектот 5GCroCo (петта генерација на прекугранична контрола) чиј дел се во моментов, обедини 24 партнери од европската автомобилска и мобилна комуникациска индустрија за унапредување на обезбедувањето на CCAM услуги низ прекуграничните коридори и минимизирање на несигурноста на реалната прекугранична примена на 5G.