Компанијата Gigabyte претстави нови гејминг монитори во рамките на својот подбренд AORUS. Моделите AORUS FV43U и FO48U користат HDMI 2.1 стандард и ги красат бројни гејминг функции.
AORUS FV43U е првиот светски 4K тактички гејмерски монитор, и има поддршка за HDMI 2.1. Станува збор за модел со 32-инчен SuperSpeed IPS панел, со освежување до 144 Hz и 1ms GTG одзив. Ова гарантира флуиден 4K гејминг, живописни бои и добар контраст.
AORUS FO48U е првиот 48-инчен гејминг монитор со премиум OLED панел. Со него, уредите како што се PlayStation 5 и Xbox Series X можат целосно да го искористат предностите на HDMI 2.1 протокот, за да ги понудат најновите 4K/120Hz гејминг перформанси. FO48U има и Space Audio кој како sound bar, нуди дополнителна имерзија за гејмерите.
Gigabyte истакнува дека 32-инчниот AORUS FV43Ui и 48-инчниот AORUS FO48U наскоро ќе се појави во продажба. Повеќе детали за мониторите се достапни на оваа адреса.