Google Chrome апликацијта за Android сега на корисниците им овозможува да прегледаат некоја интернет страница пред да ја отворат.

Ако сте ја ажурирале апликацијата на верзијата 89, доволно е да го задржите прстот на линкот малку подолго и ќе ви се отвори опцијата Preview Page (прегледај ја страницата), која во моментот е достапна само за уредите кои работат на оперативен систем Android.

Не е некоја иновација, но е многу кросина кога сакате да отворите некоја интернет страница, а не сте сигурни што ќе најдите на неа, или не сакате да ја напуштите онаа на која сте во моментот.

Инаку, интернет-прегледувачите Safari и Edge, за iOS веќе долго ја имаат оваа опција, а ни кај нив не се бара влез во дополнително мени за да ја активирате.