Samsung кај TENAA агенцијата го сертификуваше SM-F7110 телефонот, а во прашање е кинеска верзија на претстојниот Galaxy Z Flip3 уред. Листингот не ги открива спецификациите на телефонот, но сега имаме повеќе информации за големината и капацитетот на батеријата.

Galaxy Z Flip3 ќе биде пократок и потенок во однос на Galaxy Z Flip 5G, но батеријата е наведена како 2300mh + 903mAh, што вкупно нуди минимален капацитет од нешто преку 3200mAh, или типичен капацитет од 3300mAh.

Новиот преклопен телефон ќе задржи еден SIM слот, но внатре ќе се најде и eSIM модул, овозможувајќи dual LTE и 5G конекција. Телефонот од старт ќе користи Android 11.

Претставувањето на Galaxy Z Flip3 се очекува на 11. август. Се очекува дека ќе има две камери и LED сензор кои се поставени вертикално, поголем дисплеј, а некои гласини сугерираат и IP скалирање, што би можело да значи редизајнирана шарка.