Сега кога поголем дел од корисниците се приморани да седат дома поради епидемијата на коронавирус, Instagram ја воведе можноста за гледање на стримови во живо преку веб.

Тоа значи дека корисниците повеќе нема да мора да се потпираат на смартфоните кога самаат да гледаат некое live видео на Instagram, бидејќи услугата Instagram Live сега е достапна и преку веб-страницата на компанијата. Ова искуство им е познато на сите, а веб-верзијата исто така поддржува заеднички стримови на две лица, додека е овозможен и дополнителен простор на екранот за раздвојување на коментарите од видето, со што е решен проблемот на видливоста.

Меѓутоа, засега не е можно да се почне live stream преку веб верзијата, така што не се работи баш за целосна алтернатива за другите веб lifestreaming сервиси. Сепак, значително е намалена разликата помеѓу мобилната и веб верзијата на Instagram, а новата можност посебно ќе им биде корисна на музичарите и славните личности кои сакаат да комуницираат со фановите, додека се во каранатин поради Ковид-19.