Компанијата EA соопшти дека фудбалската симулација FIFA 22 ќе пристигне на пазарот во октомври, а објавен е и трејлер.
EA најавува досега најреалистични анимации и гејмплеј за играта која ќе се појави на PlayStation 5, Xbox Series X и S и Google Stadia конзолите. Во фокусот е HyperMotion систем кој овозможува подобрувања на полето на реалистичноста, а тоа е технологијата која користи машинско учење за креирање анимации во реално време.
Резултатот се повеќе „органски“ движења. HyperMotion и овозможува на компанијата да ги „фати“ движењата на професионалните фудбалери, вклучувајќи ги суперѕвездите, меѓу кои е напаѓачот Килијан Мбапе.
FIFA 2022 ќе биде достапна и за PlayStation 4, Xbox One и PC (преку Origin и Steam). FIFA 22 Legacy Edition пристигнува на Nintendo Switch.
EA најави големи промени на голманскиот систем, ново искуство на креирање на клуб во Career Mode, поинаков Volta Footbal и FIFA Ultimate Team Heroes сетот што ги претставува легенрадните играчи.
FIFA 22 пристигнува на сите поддржани платформи од 1. октомври.
Поврзани артикли