Како што известува Bloomberg, дополнителни сигурносни опции би можеле да бидат додадени во наредниот iPhone. Претстојниот уред би можел да ја вклучува технологијата за 3D препознавање на лица, која ќе биде овозможена со имплементација на длабочински сензор. Сензорот ќе овозможи и брзо и прецизно скенирање на лицето на корисникот.

Споменатата интеграција на препознавање на лица би требало да биде посупериорна во однос на некои други технологии кои досега имавме прилика да ги видиме. За разлика од Galaxy S8 моделот, наредниот iPhone би можел да се постави и на рамна површина додека се извршува отклучувањето.

Според наводите, технологијата овозможува и отклучување во рок од неколку стотина милисекунди, што за многу корисници би можело да ја направи многу подобра функција отколку што е Touch ID