LG Wing телефонот што ќе биде претставен наскоро, го карактеризира необичен дизајн, па не чуди дека во последно време привлекува големо внимание и има се повеќе вести за претстојниот уред. Овој пат имаме фотографии во живо, кои LG Wing го прикажуваат покрај Samsung Galaxy Note20 моделот.

Фотографиите оддаваат впечаток дека LG Wing е нешто подолг од Note20 телефонот. Гласините сугерираат дека Wing ќе има 6,8-инчен главен дисплеј, а фотографиите сугерираат нешто поголеми рамки, што дополнително ја зголемуваат големината на уредот.

Изворот на фотографиите истакнува дека LG Wing ќе користи „ексклузивен UI (сличен на оној кај Смарт ТВ уредите)“. Видливи се 3D икони во карусел стил на главниот екран на телефонот. Исто така, забележително е дека вториот, секундарен дисплеј во целост е независен во однос на главниот екран, кога е активен овој специјален кориснички интерфејс.

Досегашните гласини сугерираа дека секундарниот екран ќе има дијагонала од четири ични.  LG Wing ќе го покренува Snapdragon 765G чипсет, со 8GB RAM, а ќе биде претставен на 5. октомври.