Се појавуваат информации дека Samsung One UI корисничкиот интерфејс, заснован на Android 12, може да биде објавен порано од што се очекуваше. Според наводите на дојавувачот Ice Universe, за споменатиот интерфејс би можеле да дознаеме повеќе информации во текот на следната недела.

Останува да се види дали оваа најава ќе биде облик на тизер или бета објава. Јужнокорејската компанија наводно почнала да го развива Androidu 12 за Galaxy S21 линијата уште во текот на јуни. Поодцна се појавија извештаи дека развојот на Android 12 One UI 4.0 софтверот е во полн замав.

Google го најави Android 12 во мај, а некои Android уреди моментно се подобни за втората бета верзија. Се очекува дека Galaxy S21 серијата би можела да го добие Android 12 пред декември, можеби во текот на ноември.

Samsung значајно ја подобри својата тактика на испорака на софтверските ажурирања. Комоанијата ја продолжи софтверската поддршка за своите уреди, а на некои премиум модели им се загарантирани и пет години сигурносни ажурирања.