Последните денови во голема мера стана актуелна темата за новиот Windows 12. Последните информации се однесуваат на можните хардверски барања кои ќе ги има Windows 12.

Бидејќи хардверските барања за Windows 11 беа доста контроверзни, секако е интересно какви барања ќе има Microsoft за оние кои сакаат да инсталираат Windows 12 на својот компјутер.

Иако до претставувањето на Windows 12 има уште долго време (можеби неколку години), се појавија рани детали за хардверските барања, навестувајќи што компјутерите ќе треба да исполнуваат за да работат Windows 12.

Германското издание Deskmodder известува дека Мајкрософт работи на Windows 12, со кодно име „Next Valley“, од февруари 2022 година.

Гласините сугерираат дека Windows 12 може да бара најмалку 8 GB RAM, што ги удвојува барањата на Windows 11. Нема информации за барањата за внатрешна меморија, но некои информации сугерираат дека со новата генерација, Microsoft може целосно да ги напушти традиционалните хард дискови (HDD) во корист на побрзи и помодерни SSD дискови. Вакви информации кружеа и за Windows 11, но на крајот не се остварија. Во секој случај, реално е да се очекува Мајкрософт да направи таков потег со Windows 12.

Се очекува оперативниот систем да биде компатибилен со десктоп процесорите на Intel од 14-та генерација Meteo Lake-S. Уредите со овие процесори веројатно би можеле да бидат меѓу првите што ќе работат на Windows 12.

Во однос на безбедноста, Windows 12 најверојатно ќе го користи истиот TPM 2.0 Trusted Platform Module како неговиот претходник.

Мајкрософт исто така ја тестира поддршката за SHA-3 (Secure Hash Algorithm 3), а Windows 12 може да го поддржи и копроцесорот Pluto, кој дебитираше на процесорите Ryzen 6000 на почетокот на минатата година. Тоа дополнително би ги подобрило можностите на системот.